Нинослав Димов

Нинослав Димов (Скопје, 1982) дипломира саксофон на Факултетот за музичка уметност во Скопје (класа проф. Стојан Димов), со признание Cum Laude и на Универзитетот за уметности во Берлин, Германија (класа проф. Детлеф Бенсман). Постдипломски студии посетува на двете институции во периодот од 2006 до 2009 година, а магистрира во 2009 година. Добитник е на повеќе награди на домашни и меѓународни натпреварувања. Од 2009 година работи како Доцент на ФМУ во Скопје. Димов реализирал повеќе солистички рецитали и концерти во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Германија. Како дел од камерни ансамбли настапувал во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Германија. Бил солист со Македонската филхармонија, Косовската филхармонија и “Lietzeorchester” од Берлин, Германија.