На 19.01.1947 година за прв пат во својата историја македонските музичари ги обединија своите сили и креативни потенцијали и ги ставија во служба на организирано издигнување и развивање на нашата музичка култура. Имено на овој датум во просториите на Радио Скопје се одржа основачкото собрание на Друштвото на продуктивните и репродуктивните музичари на Македонија, каде што беше избрана првата управа предводена од корифеите на современата македонска музичка култура Петре Богданов - Кочко (претседател), Тодор Скаловски (потпретседател), Живко Фирфов, Васил Ќортошев, Александар Шалевски, Васил Ѓаконовски - Шпато, Славко Костовски. Амбициозните заложби и ентузијазам на членовите на оваа асоцијација резултираат со реализирањето на првиот концерт на ова друштво одржан на 05.02 истата година. На тој концерт зеде учество симфонискиот оркестар на Радио Скопје под диригентство на Тодор Скаловски и солистите Дидар Али - виолина, Лилјана Костиќ - пијано, Глигор Смокварски - кларинет и Иван Влахов - виола, со дела од Моцарт, Шопен и Дворжак. Тоа претставуваше вовед во идната богата концертна активност на друштвото и веќе на 09.05.1947 година во Македонскиот Народен Театар за прв пат беше изведена на македонски јазик операта „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи на аматерска основа во организација на Друштвото на музичарите на НР Македонија.

Во понатамошниот период следи интензивна активност на членовите на оваа асоцијација под чија иницијатива во 1948 год. е основана Државната опера на НР Македонија, а истовремено е формирана и првата „Пословница“ за организирање концерти. Во 1949 год. по препорака на владата на ФНРЈ направена е реорганизација на „Друштвото на музичарите на Македонија“ од кое произлегоа две здруженија, едното на музичките уметници на Македонија, а другото на композиторите на Македонија. Делувајќи самостојно Здружението на музичките уметници на Македонија ги продолжува своите активности и заложби за унапредување и збогатување на музичкиот живот. Така неговите истакнати членови се носители на раководните функции во штотуку основаната Државна опера, потоа Македонската филхармонија и други музичко образовни и научни институции. Во 1951 година во рамките на ЗМУМ формирана е Концертната дирекција на Македонија со задача да организира концерти на наши уметници во земјата и странство, но исто така и да поканува гости уметници од странство. До 1971 година кога престанува со работа, оваа концертна агенција беше организатор на огромен број квалитетни концерти и гостувања со истакнати наши и странски солисти. Во периодот до 1991 година Здружението на музичките уметници на Македонија и неговите членови го сочинуваат јадрото на концертниот живот на Р. Македонија, негувајќи во своите програми дела од светската музичка литература, но и давајќи особен придонес во изведувањето и промовирањето на македонското музичко творештво. Бележиме и бројни значајни настапи на наши музички уметници на сцените надвор од нашата земја и на бројни меѓународни фестивали. Наши истактнати уметници се членови во управните тела на постојните музички институции, управните одбори на фестивалот Охридско Лето, други манифестации, а исто така учествуваат во работата на телата кои ја креираат културната политика во музичката дејност.

По осамостојувањето на Р. Македонија, ЗМУМ делува под името Сојуз на музички уметници на Македонија и ги обединува сите сродни музички уметнички асоцијации. Негов домен на делување и понатаму претставува грижата за поквалитетен и континуиран музички живот во сите наши средини, промоција на нашите музички уметници, заштита на нивните права, издавање на носачи на звук, иницирање и реализирање на проекти од национален и интернационален карактер. Споделувајќи ги и соочувајќи се со актуелните проблеми на транзицијата во нашето општество, кои во голема мера се рефлектираат и во музичката дејност, СМУМ се наоѓа пред нови предизвици како да се подобри третманот на музичкиот уметник , како адекватно да се валоризира неговата работата и како да се обезбеди професионалното опстојување на музичките уметници во нашата средина. Соочени со фактот дека имаме евидентен наплив на млади и извонредно квалитетни музички уметници, СМУМ заедно со надлежните одговорни структури е исправен пред задачата како адекватно да ги промовира, негува и насочува нивните потенцијали, особено во поглед на менаџирањето на музичките уметници, обезбедувањето на промотивни материјали, комплетирањето на музичката инфраструктура и формирањето на концертна агенција се со цел нашата земја да обезбеди трајно и значајно место на европската и светската музичка мапа. Сублимирајќи го делувањето на СМУМ во изминативе 70 години може да се констатира дека СМУМ даде и сеуште дава исклучителен придонес за афирмацијата на македонската музичка култура и уметност.

Фестивалот „Златна лира“ кој се одржува во континуитет веќе 11 години претставува проект, кој е израз на потребата на македонските музички уметници од сите генерации, за побогат и континуиран концертен живот, мобилизирајќи ги сите креативни сили и релевантни фактори во заложбите за промоција  и афирмација на нашите културни вредности. Исто така овој фестивал има интернационален карактер овозможувајќи размена на концертни програми со музички уметници од странство и со сродни музички асоцијации. Циклусот на концерти „Pro musica“ е исто така дел од програмските активности на Сојузот на музичките уметници на Македонија и опфаќа организација на концерти со домашни и странски музички уметници низ повеќе градови во Република Македонија во текот на годината давајќи голем придонес за дистрибуција и популаризација на музичките проекти во сите наши средини.

Организација

Претседател НА СМУМ

Проф. м-р. Љубиша Кировски

 

Претседател на Собранието на СМУМ

Проф. м-р. Љупчо Коскаров

 

Управен одбор

Проф. м-р. Тодор  Светиев
Проф. м-р. Васил Атанасов
Проф. м-р. Зорица Каракутовска
Проф. д-р. Ана Гацева
Проф. д-р. Бранко Павловски

Членови на СМУМ

ДИРИГЕНТИ
Борјан Цанев

ПИЈАНО
Милица Шперовиќ - Рибарски
Јасминка Чакар
Евушка Трпкова - Елезовиќ
Валери Стефановски
Снежана Анастасова - Чадиковска
Димитрије Бужаровски
Мери Стоилкова
Јован Каровски
Тодор Светиев
Рита Трпчева - Поповиќ
Катерина Костадиновска - Гелебешева
Маја Шутевска - Кировска
Ана Гацева
Глигор Гелебешев
Никола Паскалов
Татјана Божиновска
Билјана Димовска
Петар Макариевски
Весна Ангелова
Марија Вршкова
Марија Ѓошевска
Нина Костова - Јаневска
Калина Мрмевска
Елена Атанасова
Кристина Светиева
Елена Граматиковска
Елена Костовска
Емил Рибарски
Кристијан Каровски
Јасна Аврамовска
Даница Стојанова
Хајди Елзесер
Дарко Костовски
Мимоза Ќека
Маја Божиновска

СОЛО ПЕЈАЧИ
Милка Ефтимова
Цветан Стојановски
Славица Петровска - Галиќ
Весна Ѓиновска - Илкова
Марија Муратовска - Наумовска
Михајло Арсенски
Гонца Богоромова
Горан Начевски
Александра Коцевска
Владимир Саздовски

УДИРАЛКИ
Мојца Седеу

ХАРМОНИКА
Зорица Каракутовска
Филип Стамевски

ГИТАРА
Борче Наумоски
ФЛЕЈТА
Страшо Темков
Александар Ристевски
Емилија Ристевска
Марија Јакимовска

ОБОА
Васил Атанасов
Гордана Јосифова - Неделковска
Татјана Петрушевска
Томе Атанасов

ФАГОТ

Даниел Апостолов
Марјан Милошевски

КЛАРИНЕТ (САКСОФОН)
Стојан Димов
Нинослав Димов
Бранко Павловски
Ристо Ѓоревски

ТРОМБОН
Кирил Рибарски

ТРУБА
Васо Ристов
Љупчо Коскаров

ХОРНА
Александар Гошев

ВИОЛИНА
Румен Димитриев
Михаило Куфојанакис
Љубиша Кировски
Владимир Костов
Даниел Лазаревски
Ѓоко Николовски

ВИОЛА
Љупчо Соколов
Фросина Балова

ВИОЛОНЧЕЛО
Живко Фирфов
Паскал Краповски
Божидар Пејиќ
Александа Котевски

КОНТРАБАС
Велко Тодевски
Петруш Петрушевски



 
АНСАМБЛИ

Гудачки Квартет „ГАЈДОВ“

Љубиша Кировски - виолина
Иле Темков - виолина
Љупчо Соколов - виола
Божидар Пејиќ - виолончело

 
СКОПСКИ ДУВАЧКИ КВИНТЕТ
Марија Јакимовска – флејта
Васил Атанасов – обоа
Ристо Ѓоревски – кларинет
Маријан Милошевски – фагот
Александар Гошев –­ хорна

 
Трио ИНТЕРАРТ
Емилија Ристевска - Стефановска - флејта
Александар Стефановски – флејта
Татјана Божиновска - пијано

 
ДУО ГЕЛЕБЕШЕВИ
Катерина Гелебешева - Костадиновска –пијано
Глигор Гелебешев - пијано

 
ДУО КИРОВСКИ
Љубиша Кировски- виолина /виола
Маја Шутевска - Кировска - пијано

 
ДУО АНГЕЛОВА / МАКАРИЕВСКИ
Весна Ангелова – пијано
Петар Макариевски – пијано

 
ДУО КУФОЈАНАКИС / СВЕТИЕВ
Михаило Куфојанакис – виолина
Тодор Светиев- пијано
 
ДУО ЃОШЕВСКА / АТАНАСОВСКА
Марија Ѓошевска- пијано
Елена Атанасовска- Ивановска- пијано