Фестивалот „Златна лира“ кој се одржува во континуитет веќе 11 години претставува проект, кој е израз на потребата на македонските музички уметници од сите генерации, за побогат и континуиран концертен живот, мобилизирајќи ги сите креативни сили и релевантни фактори во заложбите за промоција  и афирмација на нашите културни вредности. Исто така овој фестивал има интернационален карактер овозможувајќи размена на концертни програми со музички уметници од странство и со сродни музички асоцијации.