Александра Коцевска

Музичкото образование почнува да го изучува во ДМБУЦ  „Илија Николовски- Луј”-Скопје, во класата по соло пеење на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, а дипломира на  ФМУ - Скопје во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето се вработува во ДМУЦ  „Сергеј Михајлов” – Штип, каде може да се каже дека е основоположник  на класата по соло пеење. Во 2002 год. магистрира во класата на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, а во 2006 год. својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ  „Илија Николовски-Луј” -Скопје. Како наставник по соло пеење бележи успеси со своите ученици на бројни натпревари.  Како истакнат педагог е често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011год. ја добива наградата за повеќе годишна успешна работа во областа на уметничката педагогија од  страна на Здружението на  на музички и балетски педагози на Република Македонија. Од 2015год. е повторно активна на концертните подиуми, реализирајќи концерти во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев во Тетово, Гевгелија, Кочани, Скопје, Куманово, а често настапува во камерни состави на фестивалот „Златна лира“, концерт по повод Светскиот ден на хармониката. Бележи и настапи во организација на Амбасадите на Р. Србија и Р. Полска.