Златна лира 2022: Концерт на Марко Јосифоски - виолина и Смиља Јосифоски - пијано

ЗЛАТНА ЛИРА 2022

Сабота, 29 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот

КОНЦЕРТ НА МАРКО ЈОСИФОСКИ - ВИОЛИНА И СМИЉА ЈОСИФОСКИ - ПИЈАНО

За програмата
На програмата на концертот на дуото Јосифоски се дела од Џ. Тартини, Л. ван Бетовен, П. И. Чајковски и Б. Барток.

За изведувачите
Марко Јосифоски (1978) почнал да свири виолина на петгодишна возраст, а прв учител му бил Зоран Миленковиќ. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Дејан Михаиловиќ. Студирал на Конзерваториумот во Берн во класата на познатиот проф. Игора Озим од 1998 до 2000. За време на студиите добил стипендија од швајцарската влада. Посетувал курсеви во Австрија, Германија, Словенија, Израел и Америка кај професорите: Ида Хендл, Шломо Минц, Руџер Ричи, Нам-Џун-Ким, Томас Брандис, Игор Озим и Милан Витек. Беше член на „Интерлохен уметнички музички камп“ каде свиреше со светскиот симфониски оркестар. Свиреше за УНИЦЕФ (Парма), во Обединетите нации во Њујорк и на многу фестивали во земјата и странство. Ја претставуваше Југославија во 1990 година на евровизискиот концерт на млади солисти во Истанбул. Добитник е на многу први и специјални награди на републички и сојузни натпревари во поранешна Југославија, како и на многу меѓународни награди: Премио Моцарт во Верона, во Стреса, во Чешка „Јан Коцијан“, во Италија „Родолфо Липицер“ , „Златен ангел“ за најуспешен млад уметник... Добитник е на Октомвриската награда на Град Белград за високи уметнички достигнувања, наградата на Српската академија на науките и уметностите за најуспешен концерт во сезоната 2003 година, како и наградата на радио Белград за уметник на годината во 2004 година. Настапувал во Италија, Америка, Австрија, Русија, Израел, Чешка, Германија, Швајцарија, Шведска, Словенија, Грција, Македонија. Како солист одржал голем број концерти со: Белградската филхармонија, Симфонискиот оркестар РТС, Македонската филхармонија, Оркестарот ВЈ „Станислав Бинички“, Романската филхармонија, Турскиот симфониски оркестар, Светскиот симфониски оркестар во Америка, како и со многу камерни оркестри во земјата и странство. Покрај многуте дела, тој ги сними сите 10 сонати на Бетовен со Зариф Ализадех, кои беа издадени од ПГП-РТС во 2007 година. Од 2014 година работи како професор по виолина на Факултетот за музичка уметност во Белград.


 
Смиља Јосифоски го завршила музичкото училиште „Коста Манојловиќ“ во Земун во класата на проф. Ивана Јасиќ. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф.Александра Павловиќ и магистрирала во класата на проф.Лидија Станковиќ. Активно ги посетувала курсевите на проф.: Серѓо Пертикароли, Константин Богино и Александар Маџар.


Како солист и камерен музичар настапувала во: Шведска, Грција, Швајцарија, Чешка, Словачка, Австрија, Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина и во реномирани сали и галерии во Србија - во големата сала и галерија на Коларча, САНУ. галерија, галерија Артгет, СКЦ , во резиденцијата на принцезата Љубица како дел од Виолончело Фест... Свирела на многу хуманитарни концерти. Во 2008 година настапува со виолинистот Марко Јосифоски како дел од проектот „Национална концертна сезона“ во градовите низ Србија. Член е на Здружението на музички уметници и музички педагози на Србија. Од 2001 година е вработена во ОУ „Корнелије Станковиќ“ како професор по пијано. Во 2004 година, таа беше во жирито на „Шопен Ревија“. Од 2013 година е вработена во ОУ „Коста Манојловиќ“ како професор по пијано. Во 2019, 2021 и 2022 година го добила признанието за нејзините достигнувања во областа на образованието од градската општина Земун, а во јуни 2022 година ја има добиено наградата за најдобар соработник по пијано на натпреварот „Таленти за Европа“ (Словачка) .
 
Влезот на концертот е слободен.