Златна лира 2025: Концерт на Трио Анимато

Понеделник, 20 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот

Триото Анимато е формирано во 2020 година, и изведува класичен и современ репертоар. Настапите на фестивали и камерни концерти во Скопје и низ Македонија, меѓу кои Лешочкиот камерeн музички фестивал и концертот „Квинтесенца“ во Даут Пашин амам, ја потврдуваат нивната посветеност на промоцијата на камерната музика во земјата и на современото македонско музичко творештво.

Светлана Димитриевска е пијанистка и педагог, раководител на одделот по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во класата на м-р Тодор Светиев. Нејзините ученици редовно освојуваат награди на национални и меѓународни натпревари, а таа паралелно настапува како концертен пијанист со бројни македонски инструменталисти. Член е на жири и организациони комисии на државни натпревари, активен член на ЕПТА Македонија и промотор на Piano Day Skopje, посветен на афирмирање на млади пијанистички таленти.
 
Даниела Неделковска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Бети Станковска. Како флејтистка има настапувано со оркестри и камерни состави на фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Мајски оперски вечери“ и „Денови на македонска музика“, како и во соработка со бројни културни институции и ансамбли. Паралелно со концертната дејност, таа активно работи како педагог, со ученици кои редовно освојуваат признанија, и е ангажирана во организација на меѓународни натпревари и семинари. Била генерален секретар на Здружението на музички педагози на Град Скопје (2013–2015) и соработувала на натпревари како „Полихимнија“ и „Млади таленти“.

Симона Марочковска Манојловска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, исто така во класата на проф. Бети Станковска. Се афирмирала како солистка и камерна музичарка со настапи на „Денови на македонска музика“, концерти со Градскиот дувачки оркестар и со оркестарот „Јохан Штраус“, како и низ низа самостојни концерти во земјата. Работи како професор по флејта во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, каде нејзините ученици бележат бројни успеси на натпревари дома и во странство. Активно е вклучена во организацијата на меѓународниот натпревар „Полихимнија“ и редовно учествува во семинари и педагошки проекти.