ЗЛАТНА ЛИРА 2019
Среда, 30 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот
ПОДИУМ НА МЛАДИ
Настапуваат добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“ во 2019
МОНИКА ТРАЈКОВСКА - флејта
СТЕФАН НЕДЕЛКОВСКИ - саксофон
БИЉАНА ПЕТРОВСКА - пијано
За програмата
Во првиот дел на концертот ќе настапи саксофонистот Стефан Неделковски, кој ќе изведе композиции од А. Глазунов, Т. Зографски и П. Санкан, додека во вториот дел на концертот ќе се претстави флејтистката Моника Трајковска која во пијано придружба на Биљана Петровски ќе изведе дела од Пуланк и Бричиалди.
За изведувачите

Стефан Неделковски (Скопје, 1997) е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Нинослав Димов. Учествувал на многу натпревари на државно и меѓународно ниво, на кои има освоено повеќе први и специјални награди: специјална награда Лауреат на на државен натпревар во 2014 и 2016 година, прва награда на интернационалниот натпревар SaxClar во 2017 година и прва награда со квартет саксофони. Во 2019 година освојува Grand Prix на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“ како и награда за најдобра изведба на композиција од Томислав Зографски, доделена од страна на Фондацијата „Томислав Зографски“. Настапил како солист со Македонската филхармонија дури три пати: 2015, 2016 и 2018 година.

Моника Трајковска (Скопје, 1997) завршува нижо музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во класата на проф. Радмила Попоска, а средно образование во класта на проф. Наташа Еленова. Во моментов е студент на трета година на ФМУ во Скопје во класата на проф. Страшо Темков. Добитничка е на бројни државни и меѓународни награди, меѓу кои се издвојуваат први награди на меѓународните натпревари во Белград, Приштина, Бугарија и Скопје. Моника е постојан хонорарен соработник на Градскиот дувачки оркестар на Град Скопје, а соработувала и со оркестарот на Македонската опера и балет.
Биљана Петровска дипломира (1997) и магистрира (2002) интерпретација на пијано на ФМУ во Скопје во класта на проф. Евушка Елезовиќ. Во текот на школувањето учествува на повеќе семинари и концерти во Скопје, како солист и како дел од камерни состави. Настапувала со повеќе македонски уметници на манифестации во државата како „Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Денови на македонска музика“, „Топол културен бран“, „Нов културен бран“, а настапувала и во Хрватска, Албанија, Португалија, Франција, САД, Бугарија. Биљана Петровски својот уметнички фокус го насочува кон камерното музицирање. Таа е основач и член на камерните состави Дуо Пан, Трио „Вив Арти“, квартетот „Анимус“, квартетот „The Quartet“. Работи во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ како професор по пијано и корепетитор на дувачката класа.
Влезот на концертот е слободен.