Концерт на пијано дуо Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски во Куманово

На 27 октомври (недела) со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово концерт ќе одржи пијано дуото Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски. 

Програмата опфаќа дела од Дворжак, Бизе, Рахмањинов, Шуберт и Хачатурјан. 

Настанот е во организација на СМУМ, а е поддржан од Министерството за култура. Влезот е бесплатен.