ЗЛАТНА ЛИРА 2020: Концерт на Борче Наумоски - гитара

На претпоследната вечер на фестивалот „Златна лира“ (среда, 14 октомври) свој солистички рецитал ќе одржи гитаристот Борче Наумоски. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот. 
За програмата

На концертот ќе бидат изведени дела од С. Л. Вајс, М. Џулиани, Ј. К. Мерц, Х. В. Лобос, И. Албениз, Ф. Шуберт. 

За уметникот

Борче Наумоски дипломира класична гитара на ФМУ во Скопје во класата на проф. Војислав Ивановиќ. Постдипломските студии по гитара ги продолжува на ФМУ при Државниот универзитет во Белград, Србија, кои ги завршува во 2010 година во класата на проф. Срѓан Тошиќ. Неговото уметничко портфолио опфаќа низа солистички настапи и рецитали во Македонија, Бугарија, САД и други земји. Репертоарот на Наумоски го сочинуваат дела од ренесансата до музиката на дваесеттиот век. Наумоски работи како Доцент на ФМУ во Скопје каде ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитари, а своите искуства ги пренесува и на најмалите ученици, како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Влезот на концертот е слободен.