ЗЛАТНА ЛИРА 2021: Концерт на Трио АД ЛИБИТУМ

 
КАМЕРЕН КОНЦЕРТ
Трио АД ЛИБИТУМ


Силвана Чулева Атанасова - флејта
Лазар Соколов - кларинет и алт саксофон
Емилија Кабранова Филипова - пијано

 

За програмата

Во недела, 24 октомври во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот на програмата на фестивалот „Златна лира“ е концертот на триото АД ЛИБИТУМ во состав: Силвана Чулева Атанасова - флејта, Лазар Соколов - кларинет и алт саксофон и Емилија Кабранова Филипова - пијано. На програмата се дела од Адриен Алберт, Чарлс Коехлин, Чик Кореа (ар. Расел Петерсон), Хауард Блејк и Расел Петерсон.


Триото „Ad Libitum е формирано во 2015 година. Во својот широк репертоар составот вклучува композиции од сите музички епохи, оригинални композиции за ваков состав, транскрипции, обработки, модерни и современи композиции. Триото досега извело голем број праизведби на дела за ваков состав на концертните подиуми во Македонија и надвор од нејзините граници, меѓу кои дела на Клод Дебиси, Жак Ибер, Мигел дел Агиле, како и дела од македонските автори Љупчо Трајковски – Фис и Кокан Димушевски. Триото извело премиерни дела од композиторите Анже Рожман од Словенија, Артан Хасани од Косово, како и дела за флејта, алт саксофон и пијано од американскиот автор Расел Петерсон. „Ad Libitum“ настапиле со самостојни концерти во Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и низ Македонија со самостојни концерти, во рамки на отворање на изложби, промоции на книги, а и како гости со други музичари. Во нивната биографија е забележано и едно аудио издание, снимено во МРТВ.

 
Концертите во рамки на фестивалот „Златна лира“ се одвиваат според важечките ковид протоколи за организирање настани во затворен простор што подразбира органичен број посетители, покажување на неопходните сертификати за влез и задолжително носење маска.